Tuesday, November 20, 2012

Стречинг


Стречингот е многу важен дел од секој тренинг во теретана.
Најважно е добро да се загрееете. Загревањето не е само задолжително за спречување спортски повреди,туку едноставно и за одржување оптимален и задоволителен тренинг.Загреаните мускули развиваат поголема силова издржливост,тие се по еластични и така се поотпорни на стресни состојби.Треба да се започне со просто загревање на целото тело,почнувајќи од главата па се до стопалата,за да функционалниот систем почнува да делува на повисоко ниво(школско загревање, скокање јаже, лесно трчање, лесен аеробик итн).Едноставно телото го подготвуваме за напор,мускулите се активираат и се полнат со поголема доза кислород и други супстанци, кои се пак потребни за оптимална работа.За спречување повреда на зглобовите,можеме да ги загрееме со топли облоги.За загревање користиме различни вежби,како статички така динамички.Најпрво мораме да ги загрееме поголемите мускулни групи,раце и нозе,а на крајот следи загревање подлактици и прсти,со влечење шаката на надвор и на внатре.За загревање на прстите се користат и разни видови спортски масти, исто така кинезо масажи на зглобовите,сето тоа по 30 секунди на секој зглоб.
Истегнувањето не се препорачува само пред и по завршивањето на физичката активност. Да се истегнуваме можеме во секое време. Наутро после спиење, на работа за да ја намалиме напнатоста после подолг период на седење или стоење,додека патуваме со автобус или автомобил, во слободно време додека гледаме телевизија, читаме книга,слушаме музика,пешачиме итн.,значи буквално во било кое време.

Зошто да се истегнуваме?

Со примена на истегнувањето можете да ги забележите следните позитивни ефекти:

- Намалување на физичката напнатост,
- Зголемување на амплитудата на движење
- подобрување на циркулацијата
- намалување на можноста од настанување на повреди итн.


НАПОМЕНА: Истегнувањето не се препорачува да се применува ако неодамна сте имале некоја повреда на мускулниот или коскено-зглобниот систем. Затоа најдобро е да се консултурате со доктор за Вашата здравстена состоба.
Многу важен сегмент на истегнувањето, секако, е дишењето. Тоа треба да биде бавно, ритмичко, лесно и природно. Не задржувајте го дишењето додека се истегнувате. Тоа треба да биде опуштено, а не напорно. Додека се истегнувате треба да чувствувате дека во таква положба би можеле да останете бесконечно.